ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе лежат во притвор, обвинителството ништо не работи
Според опозициската партија, не е прв пат да се кршат правата на осомничените во текот на овој политички конструиран случај, што го констатираше и Народниот правобранител.

Срамна, правно неоснована и политичка е одлуката на Апелациониот суд да го продолжи притворот на пратеникот Крсто Мукоски. Целосно се неаргументирани и притворите за преостанатите осомничени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Луѓе лежат во притвор, а обвинителството ништо не работи. Ова е невиден правен преседан, стои во дописот. Според опозициската партија, не е прв пат да се кршат правата на осомничените во текот на овој политички конструиран случај, што го констатираше и Народниот правобранител.
Селективноста и неправдата се главната одлика на оваа недемократска власт. Правната држава е девалвирана, демократијата умира секој ден, се вели во соопштението.
