Столтенберг во посета на Македонија со иста порака

Столтенберг: Вратата на НАТО отворена за реформите

18.01.2018 13:09

Импресиониран сум од напредокот, добро е да се биде амбициозен, но треба да се биде реален. Отворена врата на НАТО за членство, но заемно прифатливо решение за името, обраќање на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг во Собранието...

Вратата на НАТО е отворена за реформите. Земјите- членки на Алијансата се импресионирани од напредокот, обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во Собранието.

Добро е да се биде амбициозен, но треба да се биде реален. Првиот човек на Алијансата во прва посета на Македонија, но со исти пораки.

„Земјите членки се импресионирани од вашата посветеност и ентузијазмот, за да се приклучите на Алијасата. Сакам да успеете, НАТО сака да успеете, но добро е да се биде амбициозен, но важно е да се биде и реален. Има уште работа што треба да се сработи. Ова секако значи решавање на прашањето со името на вашата земја“, нагласи Столтенберг во обраќањето.

Столтенберг денеска оствари средби со државниот врв. Попладне ќе разговара и со премиерот Заев.