Црна Гора се надева на прием во НАТО годинава
Црна Гора во моментов се наоѓа во Акцискиот план за членство (МАП), кој се смета за последна фаза пред полноправното членство во НАТО...

Шефот на црногорската дипломатија Игор Лукшиќ оценил дека воената неутралност на Црна Гора е најскапата опција, додека НАТО претставува најдобрата безбедносна рамка.
„Воената неутралност подразбира градење самостоен систем на одбрана, односно претставува поскап вид одбрана за Црна Гора. Мислам дека порационално би било тие пари да се вложат во образованието, здравството или инфраструктурата", навел Лукшиќ.
Според него, членството во НАТО носи низа бенефиции - политички, економски и безбедносни.
Црна Гора во моментов се наоѓа во Акцискиот план за членство (МАП), кој се смета за последна фаза пред полноправното членство во НАТО. Следниот самит на Алијансата ќе биде оддржан оваа година во Кардиф, Велс, а Црна Гора очекува дека тогаш ќе добие и покана за полноправно членство.
Лидија Чакар
