Невреме во северозападна Европа

18.01.2018 15:23

На аеродромот во Амстердам откажани над 200 летови. Поради невремето e прекинaт и железничкиот сообраќај.

Наставата во училиштата во делови на Германија е откажана поради невремето во северозападна Европа. На аеродромот во Амстердам откажани над 200 летови. Поради невремето e прекинaт и железничкиот сообраќај.

Во Велика Британија илјадници домови останале без струја, а силниот ветер откорнал и неколку стебла.

Слично е и во Шкотска, каде што е издадено предупредување за возачите поради силниот ветер, снег и мраз.