Собраниска дебата за реформите во МВР

18.01.2018 16:48

Во Собранието- дебата за измените на пакетот закони за реформи во МВР. Опфатени електронските комуникации, внатрешни работи и полиција...

Оперативно- техничката агенција ќе биде независна институција, надвор од УБК и Министерството за внатрешни, контролирана од Собранието. Вака ресорниот министер Спасовски го образложи Предлог- законот со кој се предвидува формирање на оваа агенција.

Рече дека само Врховниот суд ќе има надлежност за издавање налог за следење на комуникациите. Агенцијата ќе биде составена од експертски тим. Собранието ќе го избира директорот, а вработените ќе бидат задолжени да доставуваат извештаи за сработеното.

Цврсто сме решени, рече Спасовски, да направиме сериозна и ефикасна реформа во овој систем што ќе придонесе за зајакната контрола, но и за заштита на човековите права.

Пратениците од ДУИ и БЕСА го поддржаа законот, и според нив Владата сега има историска мисија конечно да го отстрани стравот од големото уво на државата.

По носењето на Законот ќе се направат подготовки за да се заокружи системот и да се монтираат уредите за да нема застој во следењето на комуникациите, објасни Спасовски.

Викторија Милевска