Заев во Струга за Богојавление- Водици: Со добра волја да се соочуваме со предизвиците што ни претстојат
Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план- стои во честитката на премиерот до православните верници...

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, по повод верскиот празник Богојавление- Водици, упати писмо со честитки до Архиепископ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и до сите православни верници во Република Македонија.
Благородната порака на овој празник исполнува и со оптимизам, надежта и жедта за доброто, совршеното и убавото никогаш не згаснува. Со овие пораки, и со искрената верба во нив, да си посакаме подобра иднина, здравје, и со добра волја да се соочуваме со сите предизвици што ни претстојат на личен и на колективен план. Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник Богојавление- Водици, се вели честитката на премиерот до православните верници.
По повод чествувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, денеска премиерот Зоран Заев, како што информира владината прес-служба, ќе присуствува на чинот на положување на крстот и осветување на водите во реката Црн Дрим во Струга.
