Златоустова литургија по повод Собор на Св. Јован Крстител

20.01.2018 09:05

Уште од првите векови, Црквата утврдила Св. Јован да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Овој ден уште се вика и Женски Водици.

Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан утрово по повод празникот Собор на свети Јован Крстител богослужи Златоустова литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче.

Уште од првите векови, Црквата утврдила Св. Јован да се прославува веднаш после празникот Богојавление. Овој ден уште се вика и Женски Водици.

Иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.