Нимиц: Обезбеден идентитетот со новиот предлог
Мојот личен став е дека не навлегува во индентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот- вели медијаторот Нимиц...
Посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц, во интервју за телевизија „Сител“ вели дека, во новиот пакет предлози на решавање на спорот за името меѓу Македонија и Грција, идентитетот на државата и народот е безбеден и верува дека со неговите идеи, тој е повеќе зајакнат отколку оштетен.
Се обидов да најдам начин да се справам со прашањето за името на начин кој ќе биде прифатлив за двете страни. Мојот личен став е дека не навлегува во индентитетот, туку напротив го зацврстува и зајакнува идентитетот на државата и на народот. Од мојата комуникација со луѓето во вашата земја, сметам дека имаат многу силен идентитет, кој го поседувате многу години. Независни сте 25 години, но имавте идентитет и кога бевте дел од Југославија, имавте идентитет кога бевте дел од Кралството Србија и од Отоманската империја – вели Нимиц.
Според медијаторот, за разлика од порано, сега целата ситуација за решавање на спорот е променета и во Скопје и во Атина.
