Хојт Ји: Шанса да се реши прашањето за името
Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш- изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји
Македонија и Грција имаат вистинска можност да постигнат договор за прашањето за името. Верувам дека постои политичка волја, како во Атина, така и во Скопје, да се постигне договор и да се реши ова прашање еднаш засекогаш- изјави заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји за телевизијата „Блумберг“ на бугарски јазик.
Ќе се бара напорна работа, бидејќи прашањето не е едноставно да се реши. Ќе беше добро проблемот да се решеше пред 25 години, но ако двете држави продолжат да работат како сега, под раководство на Метју Нимиц, специјалниот претставник на ОН, како посредник, ние веруваме дека тоа е дефинитивно возможно, нагласува Ји.
Ји изјави и дека САД силно го поддржуваат договорот меѓу Бугарија и Македонија.
