Меј: Втор референдум за Брегзит нема да има
20.01.2018 10:52
Ја напуштаме ЕУ, но не и Европа, сакаме партнерство со ЕУ - рече Меј.

Втор референдум во Велика Британија за прашањето за напуштање на ЕУ нема да има, изјави британската премиерка Тереза Меј во интервју за германскиот весник „Билд“.
Парламентот и даде право на избор на британската јавност и таа ја донесе својата одлука. Ја напуштаме ЕУ, но не и Европа, сакаме партнерство со ЕУ - рече Меј.
Имаме заеднички интереси и се соочуваме со заеднички предизвици - рече таа, и увери дека Велика Британија е подготвена да ги исполни своите обврски за обезбедување колективна безбедност.
