Стразбур

Стратегијата за Западен Блакан ќе биде презентирана на 6-ти февруари

22.01.2018 13:08

Според дел од медиумите кои имале пристап до стратегијата, документот ќе вклучува општи насоки за побрз процес на интеграција на сите земји од регионот, со поконкретни датуми за проценка на Црна Гора и Србија.

Стратегијата за проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан ќе биде презентирана на 6-ти февруари, за време на пленарната сесија на Европскиот парламент во Стразбур.

Предвидено е колеџот на Европската комисија, со кој ќе претседава Жан Клод Јункер до пладне да го усвои финалниот текст на стратегијата. Потоа, според информациите од Унијата, Еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан ќе ја презентира пред членовите на Европскиот парламент.

Според дел од медиумите кои имале пристап до стратегијата, документот ќе вклучува општи насоки за побрз процес на интеграција на сите земји од регионот, со поконкретни датуми за проценка на Црна Гора и Србија.

Се очекува до 2019-та, Македонија и Албанија да ги отпочнат пристапните преговори со ЕУ.