ВМРО-ДПМНЕ: Правосудните органи се под притисок на власта

22.01.2018 13:21

Според партијата, правосудните органи наместо да постапуваат според законот и Уставот, продолжуваат да дејствуваат под страв и ги легитимираат законските кршења и нечовечкото однесување на државните органи.

Два месеца десетина македонски патриоти без никаков основ се наоѓаат во притвор. Тие се дел од еден монтиран прогон, во кој им се скратени елементарните права во постапката, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, правосудните органи наместо да постапуваат според законот и Уставот, продолжуваат да дејствуваат под страв и ги легитимираат законските кршења и нечовечкото однесување на државните органи.

Политичкиот процес против пратеници, актери, уметници, ќе остане срам за Македонија и показател како не треба да функционира правосудството, стои во дописот. Власта мора да запре со политичкиот реваншизам и малтретирањето луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.