Метео: Негативни утрински температури, постепен пораст на дневните

22.01.2018 15:29

Утринската температура насекаде ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 8 степени. Во Скопје се очекува температура до 6 степени.

Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура насекаде ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 8 степени. Во Скопје се очекува температура до 6 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и стабилно време без врнежи со студени утра и постепен пораст на дневните температури.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска