Средба Самарас-Расмусен во Атина
По средбата, Самарас изјавил дека НАТО претствува заедница на демократски вредности како што се почитување на човековите права...

Грчкиот премиер Андонис Самарас во Атина се сретнал со генералниот секретар на НАТО Расмусен, со кого меѓу другото, разговарале и за проширувањето на Алијансата, јави МИА од Атина.
По средбата, Самарас изјавил дека НАТО претствува заедница на демократски вредности како што се почитување на човековите права, владеење на правото, добрососедски односи и слобода на изразување, што во Грција е протолкувано како „индиректна порака“ до Македонија.
„Секоја нова кандидатура се оценува, постојат претпристапни фази и секоја земја мора да ги исполни критериумите поставени од страна на Алијансата, која е заедница на демократски вредности“, рекол Самарас.
Расмусен, пак, се задржал на ситуацијата во Украина и го осудил крвопролевањето во земјата.
Апелирам до сите инволвирани да се запре спиралата на насилство, рекол тој, додавајќи дека украинската Влада има одговорност армијата да не биде вклучена.
