Рочишта за „Труст“ и „Транспортер“ во Кривичен суд
23.01.2018 11:02
Судењето за предметот „Труст“ минатата недела беше одложено поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во случајот, Василије Авировиќ.

Во Кривичниот суд рочишта за „Труст“ и за „Транспортер“. Судењето за предметот „Труст“ минатата недела беше одложено поради влошена здравствена состојба на второобвинетиот во случајот, Василије Авировиќ.
Во предметот се осомничени и бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, за злоупотреба на тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.
Во предметот „Транспортер“ се обвинети поранешниот битолски градоначалник и уште 20-тина лица, за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици.
Според обвинението, биле проневерени околу 360 илјади евра.
