Законот за употреба на јазиците се враќа во Собрание
Од опозициската партија бараат повлекување на законот, бидејќи е неуставен и формирање на работни групи. За Владата нема ништо спорно, Законот е во согласност со Уставот, изгласан во демократска, парламентарна процедура, во интерес на сите граѓани.

На собраниската седница закажана за в понеделник, на дневниот ред е Законот за употреба на јазиците, кој се враќа пред пратениците откако претседателот Иванов не го потпише указот. Законот беше усвоен со 69 гласа за и еден воздржан, без пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозициската партија бараат повлекување на законот, бидејќи е неуставен и формирање на работни групи. За Владата нема ништо спорно, Законот е во согласност со Уставот, изгласан во демократска, парламентарна процедура, во интерес на сите граѓани.
Од СДСМ и ДУИ засега не најавуваат амандмани. Според Деловникот, на законот можат да се поднесуваат амандмани само за забелешките на претседателот на државата.
Ако Законот в понеделник биде повторно изгласан со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, тогаш шефот на државата е должен да го потпише указот.
