Грипот сѐ уште со ниска активност, регистрирани 1.739 заболени
23.01.2018 11:25
Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот период- соопштуваат од Министерството.

Грипот во земјава сѐ уште е со ниска активност- констатирано е од страна на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство. Во моментов се регистрирани 1.739 случаи на заболени од грип и се очекува зголемување на активноста во следниот период- соопштуваат од Министерството.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат испрати решенија до сите средни и основни училишта за преземање мерки за темелно чистење и за дезинфекција на училишните простории, обезбедување средства за лична хигиена, како и редовно следење на отсутноста на децата од настава.
