МЗ: Два нови случаи на морбили
Станува збор за дете на шест месечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано, односно не подлежи на вакцинација и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40 годишна возраст, вакциниран со една доза на вакцина...

Пријавени се два нови случаи на морбили од страна на Институтот за јавно здравје, соопштуваат од Министерството за здравство. Станува збор за дете на шест месечна возраст, кое заради возраста сѐ уште не е вакцинирано, односно не подлежи на вакцинација и е во добра општа состојба. Вториот случај е маж на 40 годишна возраст, вакциниран со една доза на вакцина, кој бил само амбулантски прегледан и пуштен на домашно лекување.
За двата случаи не постои податок за епидемиолошка поврзаност, како и податок за контакт со заболен од морбили. Исто така, се спроведени епидемиолошки иследувања на најблиските и контактите за евентуалната потреба од вакцинација со МРП вакцината.
