Скопје и Атина фокусирани на Давос
Очекувањата се да има напредок во насока на изнаоѓање на едно заемно прифатливо решение. Од македонската Влада велат дека се во тек консултациите, се прават напори процесот да биде инклузивен.

Утре во Давос, средба на македонскиот и на грчкиот премиер Заев и Ципрас. Разговорите ќе покажат во која насока се движиме, став на Владата во Атина. Очекувањата се да има напредок во насока на изнаоѓање на едно заемно прифатливо решение.
Од македонската Влада велат дека се во тек консултациите, се прават напори процесот да биде инклузивен.
Посредникот на Обединетите нации во разговорите за името, Метју Нимиц во следните десет дена ќе ги посети Скопје и Атина. Дотогаш треба и двете страни да го разгледаат понудениот предлог од последната средба во Њујорк.
В петок пак, премиерот Заев на разговори и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
