Одложени рочиштата за три предмети на СЈО

23.01.2018 13:56

Во случајот „Труст“ сведочеше вешто лице. Во предметот се осомничени бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, за злоупотреба на тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Во Кривичниот суд неколку рочишта за предмети на Специјалното јавно обвинителство. „Шпион“, „Труст“ и „Транспортер“ со нови одложувања.

Во случајот „Труст“ сведочеше вешто лице. Во предметот се осомничени бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, за злоупотреба на тендер на ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Судењето за „Транспортер“ ќе продолжи на 31-ви јануари. Обвинети се поранешниот градоначалник на Битола и уште 20-тина лица, за злоупотреба на службената положба за организирање превоз на ученици.

За судијата Туфегџиќ прво рочиште за предметот „Шпион“. Меѓу 18-мината обвинети, се и поранешниот полициски генерал Горан Стојков, екс директорот на Управата за спречување перење пари Ване Цветанов и поранешниот висок функционер во УБК, Александар Диневски.