Уапсен лекар од Ниш за издавање лажна анализа
21.02.2014 15:29
Пациентот тој документ го искористил како оправдување за да не се јавува на поканата на Обвинителството за организиран криминал во Белград-јавува РТС...

Нишката полиција уапсила лекар специјалист (Б.М.) од Клиниката за гастроентерологија поради сомнеж дека ја злоупотребил службената должност со креирање на лажни податоци за аналаиза на крвта на пациентот (Д.Ѓ.).
Пациентот тој документ го искористил како оправдување за да не се јавува на поканата на Обвинителството за организиран криминал во Белград-јавува РТС.
Уапсениот лекарот по 48 часа ќе биде предаден на надлежното обвинителство во Ниш со кривична пријава.
Според српските медими се поголем број лекари се претепани од пациенти, но, не се наведуваат причините за ваквите инциденти.
