Средбите во рамки на процесот „Жан Моне“ одложени за март
Причина за одложувањето било, како што посочил Џафери, овие средби да не се доведат во контекст на разговорите за решение на спорот за името со Грција...

Средбите меѓу претставници на парламентарните партии од македонското Собрание во рамките на процесот „Жан Моне“ се одложени за март. Првично требаше да се одржат во куќата на Жан Моне во близина на Париз на 25-ти и 26-ти јануари.
Претседателот на парламентот Талат Џафери за МИА вели дека средбите се одложени за март во договор со европратениците кои ја дадоа иницијативата за разговори на пратениците од власта и опозицијата во куќата на Жан Моне, по насилниот инцидент во Собранието на 27-ми април.
Причина за одложувањето било, како што посочил Џафери, овие средби да не се доведат во контекст на разговорите за решение на спорот за името со Грција, кои се интензивирани во овој период, но и да и се даде време на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се консолидира по изборот на новото раководство, да се изберат нови органи, за потоа со свои претставници да можат да се вклучат во разговорите.
