Седници на четири собраниски комисии
24.01.2018 10:46
Измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи во прво читање ќе го разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.

За денеска се најавени седници на четири парламетарни комисии. Измените и дополнувањата на Законот за заштита на укажувачи во прво читање ќе го разгледува Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Ова собраниско тело ќе го разгледува исто така и предлогот на СДСМ за намалување на патните трошоци на пратениците.
Комисијата за економски прашања треба да го разгледува финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика, со кој се утврдува процентот на зафаќање од приходите на енергетските компании во земјава, како и висината на надоместокот за издадените лиценци.
