Почнува судењето за предметот „ТНТ“

24.01.2018 10:54

Обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски.

Во Кривичниот суд денеска почнува судењето за предметот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, кој се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина, Фијат Цаноски.

Обвинети се седум лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. 

Советот за оценка на обвинителен акт при Кривичен суд на 17-ти ноември минатата година го прифати обвинението за случајот „ТНТ“,а со новиот годишен распоред предметот е распределен кај судијата Огнен Ставрев.

Апелацискиот суд на 4-ти ноември лани одлучи прислушуваните разговори во случајот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ да можат да се користат како докази во судската постапка.