Хан: Средбата Заев- Ципрас е добра вест

25.01.2018 10:19

Решавањето на ова прашање кое и предолго трае, ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа, оцени на „Твитер“ еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест. Таа покажува храброст, визија и државотворност.

Решавањето на ова прашање кое и предолго трае, ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа, оцени на „Твитер“ еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан.

Според најавите, утре во Давос, Хан треба да се сретне со премиерот Зоран Заев.