Мајка и четири деца настрадаа во пожар во Тетово
Од пожарот што избувнал ноќеска околу 3 часот и 30 минути, бил зафатен покривот и горниот кат, кадешто спиеле децата и мајката. Не успеале да побегнат од опожарениот дел и починале.

Трагедија во Тетово. Во пожар во двокатна куќа загинале мајка и четири малолетни деца. Од пожарот што избувнал ноќеска околу 3 часот и 30 минути, бил зафатен покривот и горниот кат, кадешто спиеле децата и мајката. Не успеале да побегнат од опожарениот дел и починале.
Надлежниот обвинител, во соработка со увидна екипа од тетовската Полиција и Противпожарната служба изврши увид. Повикан е тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот.
Издадена е наредба за обдукција на телата. Се преземаат и други дејствија за расветлување на случајот.
