Лидерска средба

В сабота координација за предлогот на Нимиц

25.01.2018 11:02

Во сабота во Клубот на пратениците, координација за предложената рамка на медијаторот Нимиц. Посредникот во Скопје доаѓа на 31-ви јануари..

В сабота во Клубот на пратениците, координативна средба на државниот врв за предложената рамка на медијаторот Нимиц на последната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. На состанокот ќе присуствуваат и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ. Ќе присуствува и претседателот Иванов.

Нимиц во Скопје доаѓа на 31-ви јануари. Претходно ќе оди во Атина. Во Давос вчера се одржа првата средба на премиерите на Македонија и Грција, Заев и Ципрас. Обид да се направи исчекор напред кон решение на спорот.

Македонскиот премиер е оптимист дека ќе се најде решение кое ќе биде достоинствено и за двете држави. Официјална Атина со веќе познатите ставови- едно име за севкупна употреба.