ВМРО-ДПМНЕ: Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава
Само во Македонија личности кои дале многу за државата, родољуби, кои немаат сторено ниту прекршок, се прогласуваат за терористи, стои во дописот.

Судот е директен соучесник во континуираното уништување на правната држава, во која што Заев сака без опозиција да носи закони за двојазичност, да ја задолжува земјата или да ратификува договори со кои се брише историјата и македонскиот јазик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Само во Македонија личности кои дале многу за државата, родољуби, кои немаат сторено ниту прекршок, се прогласуваат за терористи, стои во дописот.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до правосудните органи да не ја злоупотребуваат мерката притвор за партиски цели. Владата на СДСМ мора да разбере дека во државата има луѓе кои мислат различно од нив, се вели во соопштението.
