Фонд за иновации

Иновациски натпревар за креирање истражувачки проекти кај учениците

25.01.2018 14:39

Одржана уште една презентација за иновацискиот натпревар за креирање на истражувачки проекти кај учениците. Вкупниот буџет изнесува 1,5 милиони денари. Крајниот рок за апликации е 15-ти февруари...

Учениците од средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ ќе бидат дел од проектот на Фондот за иновации насловен „Млади истражувачи“, кој има за цел да се поттикнат креативни решенија од повеќе области на природните и техничките науки. Искуствата покажуваат дека поддршката и развојот на креативниот и иновативен потенцијал, има за цел создавање стабилен и конкурентен економски систем. Според директорот Пејовски ваквиот иновативен предизвик е шанса за талентираните ученици.

Проектот е со вкупен буџет од 1,5 милион денари. За најуспешните истражувачи се предвидени награди. Највисоката поединечна награда изнесува 300.000 денари.

Крајниот рок за апликации за проектот Предизвик за млади истражувачи е 15-ти февруари. Предност имаат проектите со интердисциплинарен карактер, кои предвидуваат инклузивен пристап во формирањето на тимовите со еднаква родова застапеност, деца со различна етничка припадност, деца со посебни потреби и се поднесени од училишта од рурални средини.

 

Дијана Ценевска