Жбогар: Само преку дијалог може да се решаваат проблемите

25.01.2018 14:46

Само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања, евроамбасадорот Самуел Жбогар за средбата на пемиерите Заев и Ципрас.

Средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас е добра вест затоа што само преку дијалог може да се решаваат проблемите и отворените прашања, изјави денеска во Битола евроамбасадорот Самуел Жбогар.

Во изминативе неколку месеци двете влади, на Република Македонија и на Република Грција навистина воспоставија многу интензивен дијалог се со цел да можат да креираат атмосфера која ќе придонесе кон наоѓање на решение и изгледа дека вчерашната средба меѓу двајцата премиери е темел за подобро разбирање што ќе биде добро не само за двете земји, туку и за целиот регион и за цела Европа и се разбира за сите нас- изјави Жбогар.

Евроамбасадорот најави дека следните шест месеци ќе бидат многу интензивни на релација Европска унија- Западен Балкан.