ВМРО-ДПМНЕ: Немаме никаква информација за преговорите околу името

25.01.2018 15:11

Од опозициската партија додадаваат дека засега немаат никаква информација за процесот на преговори за името. Не знаеме дали најавите на Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија или се работи за едностран владин чекор, стои во дописот.

ВМРО- ДПМНЕ ја поздравува средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос и смета дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.

Од опозициската партија додадаваат дека засега немаат никаква информација за процесот на преговори за името. Не знаеме дали најавите на Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија или се работи за едностран владин чекор, стои во дописот.

ВМРО-ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот. Македонските граѓани не слушнаа на која држава е премиер Зоран Заев, ниту на кој јазик говори или на кој народ му припаѓа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.