Евроинтеграции

Историска шанса за членство во ЕУ

25.01.2018 15:45

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Иван Великов Петков порача дека Софија ги поддржува напорите на новата Влада, Македонија да се врати на патот на евроинтеграциите. Според него, Македонија има историска шанса да ги почне преговорите со Унијата годинава.

„Убедени сме дека треба да работиме со Западен Балкан, нивното место е во ЕУ. Во спротивно, ризикуваме нестабилност.“ Амбасадорот на Бугарија во Скопје, Великов-Петков, при презентирањето на приоритетите, повтори дека Македонија ја има поддршката од неговата земја.

„Ние веруваме дека со одржливиот прогрес, имплментација на приоритетните реформи и решавање на спорот со името, вашата земја ќе ја има историската шанса да ги започне преговорите за членство оваа година“, изајви бугарскиот амбасадор во земјава, Иван Великов- Петков.

Вчерашната средба во Давос меѓу премиерите Заев и Ципрас ја зголемува надежта за решавање на спорот- оцени буграскиот амбасадор, во тој контекст Петков истакна дека  Република Бугрија ги поддржува напорите на Владата на Зоран Заев, инстутуциите, јавната администарација, граѓанскиот сектор и на медиумите, да се вратат на европскиот пат. Западен Балкан е центарлен приоритет на бугарското претседавање.

Економскиот развој и инклузија на младите, сигурноста и безбедност и дигиталната економија се останатите приоритети на бугарското претседавање со Советот на ЕУ.

 

Марина Стојанова- Тонева