Апелација ја одби жалбата на Дамовски
25.01.2018 16:10
Советот на второстепениот суд донел одлука да го потврди првостепеното решение со кое скопскиот Кривичен суд одлучи да му определи 30 дена притвор.

Апелацискиот суд ja одби жалбата на режисерот Борис Дамовски. Тој е еден од осомничените за минатогодишните настани од 27-ми април во Собранието на Република Македонија.
Советот на второстепениот суд донел одлука да го потврди првостепеното решение со кое скопскиот Кривичен суд одлучи да му определи 30 дена притвор.
Досега, Апелацискиот суд ги одби жалбите на сите осомничени кои побараа да им биде укината мерката притвор и да им биде определена поблага мерка за обезбедување на присуство на осомничените за собраниските настани.
