„Златна Зора“ е воена организација - велат грчките власти

21.02.2014 16:20

Грчката екстремно десничарска партија „Златна зора“ е воена структура, која располага со оружје и со јасно изразени референци, поврзани со нацизмот, е заклучокот на истражните власти во Грција, кој е поднесен во Парламентот со барање да се одобри судска истрага против девет пратеници од таа партија поради криминални дејствија.

Во документот се наведува дека „Златна зора“ е организација, која е формирана кон крајот на 80-тите години од минатиот век од нејзиниот лидер Никос Михалолиакос, кој се наоѓа в затвор, со мал број истомисленици и со идеолошка ориентација кон националсоцијализмот со јасни референци, поврзани со Третиот рајх, Хитлер и СС-единиците.

Истражните власти најмногу се осврнуваат на хитлеровските поздрави, кои се користат од претставниците на „Златна зора“. Тие поднеле и докази дека членовите на оваа партија учествуваат во паради, на кои маршираат како војници и се облечени во униформи.