Во Давос средба Заев- Хан

26.01.2018 10:12

Се очекува во фокусот да бидат македонските евроинтеграции. Еврокомесарот Хан средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција ја оцени како добра вест...

Во Давос, според најавите, премиерот Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Се очекува во фокусот да бидат македонските евроинтеграции.

Еврокомесарот Хан средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција ја оцени како добра вест. Таа покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое и предолго трае, ќе биде добро за двете земји, за регионот и за Европа- истакна еврокомесарот за соседска политика и проширување.