Напаѓачите на Зијадин Села на обвинителна клупа
Во скопска единица, судење за собраниските настани од 27 април. На обвинителна клупа ќе седнат десет лица обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Припадник на собраниското обезбедување ќе одговара за непостапување во службата...

Во скопска единица судење за собраниските настани од 27-ми април. На обвинителна клупа ќе седнат десет лица обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Еден од нив е и членот на собраниското обезбедување, но тој ќе одговара за непостапување во службата.
Досега, една група од девет лица помина со условни казни откако го призна делото. Четири години затвор доби и еден од напаѓачите на тогаш пратеничката Радмила Шеќеринска.
Пет лица и натаму се недостапни за полицијата. За нив е распишана меѓународна потерница.
Над 20 лица остануваат во притвор во очекување на обвинението. Меѓу нив се и шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Осомничени се за тероризам и загрозување на уставниот поредок на државата.
