Рочиште за случајот „Тарифа“ во Кривичен суд
Обвинителите на СЈО на минатото рочиште рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ги злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите, пак, се изјаснија дека не се виновни.

За денеска закажано судење за предметот на СЈО- „Тарифа“. Обвинети се поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски и уште две лица, за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија вреден околу четири милиони евра.
Обвинителите на СЈО на минатото рочиште рекоа дека ќе докажат оти тројцата обвинети ги злоупотребиле службената положба и овластувањето. Обвинетите, пак, се изјаснија дека не се виновни.
Тие се товарат дека незаконски овозможиле правното лице кое подоцна го добило тендерот, да се квалификува во втората фаза на преговарање при јавната набавка, иако немало доставено комплетна документација.
Со новиот распоред предметот „Тарифа“ ќе го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова.
