Стапува во сила Законот за амнестија

26.01.2018 10:25

Од Управата за извршување на санкции велат дека се подготвени за доставување на сите решенија што ги ослободуваат осудените лица од казната.

Од денеска стапува во сила Законот за амнестија, а од понеделник затворите ќе почнат со дистибуција на досиејата на осудените лица до судовите кои им ги изрекле затворските казни.

Од Управата за извршување на санкции велат дека се подготвени за доставување на сите решенија што ги ослободуваат осудените лица од казната.

Законот за амнестија беше донесен на 15-ти јануари, со кој покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, се предвидува и намалување на казната за 30 насто на 3.097 осудени лица.

На овој начин, според Владата, која го предложи законот, ќе се заштедат буџетски средства кои би се искористиле за подобрување на условите во казнено- поправните домови.

Со амнестијата не се опфатени лицата осудени за убиство, за кривични дела против изборите и гласањето, за силување, педофилија, посредување во вршење проституција, за кривични дела против државата, злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право.