ОЈО бара куќен притвор за Дурловски и мерки на претпазливост за Пешевска
26.01.2018 10:29
Надлежниот обвинител побара од Судот за пратеничката Жаклина Пешевска да се укине домашниот притвор и да се замени со мерки на претпазливост, а за Игор Дурловски побара домашен притвор.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Кривичниот суд достави барање за продолжување на мерките за обезбедување присуство и за непречено водење на кривичната постапка за 35-мина осомничени за собраниските настани.
Надлежниот обвинител побара од Судот за пратеничката Жаклина Пешевска да се укине домашниот притвор и да се замени со мерки на претпазливост, а за Игор Дурловски побара домашен притвор.
За другите осомничени лица останува барањето за претходно изречените мерки, информираат од Јавното обвинителство.
