Македонија го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

26.01.2018 10:35

Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.320 македонски Евреи. Во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморативна церемонија и ќе биде отворена изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“...

По повод 27 јануари- Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, во Министерството за надворешни работи ќе се одржи комеморативна церемонија и ќе биде отворена изложба на тема „Изгубениот свет на сефардските Евреи од Западниот Балкан“.

Генералното собрание на Обединетите нации пред 12 години реши да им се оддава почит на жртвите на холокаустот на 27 јануари- датумот кога пред 68 години престана да функционира нацистичкиот концентарциски логор „Аушвиц“.

Во резолуцијата се повикува на почит и спомен на жртвите на холокаустот и на изработка и реализација на образовни програми со цел ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат.

Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.320 македонски Евреи. Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, во март 2011 година во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот, кој е еден од четирите такви во светот, покрај центрите во Израел, Германија и во САД.