Тридневна жалост во Тетово

26.01.2018 12:29

Советот на општината донесе одлука за прогласување тридневна жалост. На семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на општинскиот буџет и им е обезбедено сместување со помош на хумани луѓе.

По вчерашната трагедија во Тетово, Советот на општината донесе одлука за прогласување тридневна жалост. На семејството Зулбеари им се доделува помош од два милиони денари од резервите на општинскиот буџет и им е обезбедено сместување со помош на хумани луѓе.

Во пожарот во семејната куќа настрадаа мајката и четири малолетни деца. Сѐ уште не се соопштени точните причини за трагедијата.

Формирана е комисија која во следните денови ќе ги констатира штетите и ќе определи соодветен надомест за тоа, рече градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.