Во Давос средба Заев- Хан, утре координација за името
Во Давос средба на премиерот Заев со еврокомесарот Хан. Во фокусот македонските евроинтеграции. Утре пак, координација на државно- партискиот врв за иницијалната рамка за решавање на разликата за името, предложена од медијаторот Нимиц...

Во Давос, премиерот Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Се очекува во фокусот да бидат македонските евроинтеграции.
Претходно, Хан средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција ја оцени како добра вест. Таа покажува храброст, визија и државотворност. Решавањето на ова прашање кое трае предолго, ќе биде добро и за двете земји, за регионот и за Европа- истакна еврокомесарот за проширување.
Утре во Клубот на пратениците, координативна средба на државниот врв и лидери на политички партии за иницијалната рамка за решавање на разликата за името, предложена од медијаторот Нимиц.
На состанокот ќе учествуваат шефот на државата Иванов, премиерот Заев, министерот за надворешни работи Димитров и лидерите на ДУИ и на ВМРО-ДПМНЕ, Ахмети и Мицкоски.
Посредникот на Обединетите нации во Македонија доаѓа на 31-ви јануари. Претходно ќе ја посети Атина.
