ВМРО-ДПМНЕ: Судиите да одлучуваат по Закон и по Устав
Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици- стои во дописот на опозициската партија...

Правосудните органи вон закон и правна логика држат во притвор патриоти кои не сториле ниту едно кривично дело, а се обвинети за тероризам, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Владеењето на правото и правната држава се девалвирани откако СДСМ ја презеде власта.
Демократијата е загрозена, а Република Македонија стана единствена држава во Европа која врши политички прогон и затворите ги полни со политички неистомисленици- стои во дописот.
Според опозициската партија, монтираната постапка на сите нивоа, од повеќе институции покажа сериозни недостатоци. Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судиите треба да решаваат по Закон и Устав. Државата има потреба од институции кои ќе работат независно, само така ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО. Сѐ друго е само залажување на јавноста и спроведување тивок терор, типичен за комунистичките режими на минатиот век, се вели во соопштението.
