Одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот
По повод 27 јануари- Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, во Министерството за надворешни работи комеморативна церемонија и отворена изложба на тема „Изгубениот свет на Сефардските Евреи од Западниот Балкан“. Оддадена почит на жртвите на холокаустот, но и порака- ваквите настани од историјата никогаш да не се повторат. Меѓу жртвите на холокаустот беа и 7.320 македонски Евреи.

Холокаустот останува мерило за најголемото зло во историјата, без сеќавање еден народ нема иднина- рече претставникот на Еврејската заедница во Македонија, Берта Романо Николиќ на комеморативната церемонија по повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот.
Република Македонија водејќи се од трајната заложба ваквите настани од историјата да не се повторат, презема низа активности на домашен и меѓународен план преку изработка и реализација на образовни програми.
Во знак на сеќавање на депортираните македонски Евреи, пред седум години во Скопје беше отворен Меморијалниот центар на жртвите на холокаустот. Во МНР е отворена изложбата „Изгубениот свет на Сефардските Евреи од Западен Балкан“.
Марина Стојанова- Тонева
