Средба Заев- Хан во Давос

26.01.2018 15:08

Хан уште еднаш го повторил неговиот став дека средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, е добра вест која покажува храброст, визија и државништво.

Во Давос, премиерот Заев на средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Хан уште еднаш го повторил неговиот став дека средбата меѓу премиерите на Македонија и на Грција, е добра вест која покажува храброст, визија и државништво.

Македонскиот премиер Заев потенцирал дека средбата значи придвижување на процесот во однос на проблемот што Грција го има со уставното име на Република Македонија.

Средбата со премиерот Ципрас е од големо значење и за поместување на евроинтеграциите на Македонија и ги прави многу пореални очекувањата дека годинава може да биде историска за нашата држава, за регионот и за ЕУ- истакнал Заев.