ВМРО-ДПМНЕ поднесе 70 амандмани за Законот за употреба на јазиците
70 амандмани од ВМРО-ДПМНЕ за Законот за употреба на јазиците. Опозицијата бара да се постигне консензус за решението откако претседателот Иванов не го потпиша указот. Власта смета дека Законот не е спротивен на Уставот...

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднела 70 амандмани за Законот за употреба на јазиците. Пратеникот Влатко Ѓорчев изјави дека законот треба да биде донесен со консензус. Смета дека текстот треба да биде подготвен преку дијалог, што ќе значи унапредување на правата, не само на албанскиот јазик, туку и на јазиците на помалите заедници, а во исто време ќе биде во согласност со Уставот.
Од СДСМ се со став дека Законот за употреба на јазиците не е спротивен на Уставот туку е во согласност со Амандманот 5 и со неговото усвојување не губи никој, туку сите добиваат.
Владата соопшти дека мотивот за донесување на овој закон е грижата за сите граѓани во државата. Информира дека по следното изгласување, Законот ќе го испрати до Венецијанската комисија чии евентауални забелешки би биле вградени во тесктот.
Претседателот Иванов стави вето на Законот и неговите забелешки го достви до Собранието. Поради тоа, Законот повторно е в понеделник на пленарна седница. Ако пратениците повторно го изгласаат, шефот на државата е должен да го потпшише указот за неговото прогласување.
Игор Панов
