Нимиц на мини турнеја на релација Атина- Скопје

29.01.2018 10:02

Тој првите два дена ќе разговара со државниот врв во грчкиот главен град, за надминување и изнаоѓање решение за долгогодишниот спор.

Посредникот во разговорите за разликата околу името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, ја почнува мини турнејата на релација Атина- Скопје.

Тој првите два дена ќе разговара со државниот врв во грчкиот главен град, за надминување и изнаоѓање решение за долгогодишниот спор.

Нимиц потоа, на 31-ви јануари и 1-ви февруари доаѓа во македонскиот главен град, кадешто треба да ги соопшти ставовите од Атина и да разговара за пакетот предлози за името, што го понуди на состанокот со амбасадорите во Њујорк.