Ново рочиште за случајот „Поткуп“

29.01.2018 10:04

Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.

Во Основниот суд- Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за договарање поткуп.

Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.

Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за барање и за земање поткуп од приближно 160 илјади евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев, за легализација на градежно земјиште.