Излегуваат првите амнестирани затвореници

29.01.2018 10:12

Од Кривичниот суд претходно информираа дека се формирани повеќе кривични совети кои решаваат по барањата за амнестија. Од скопска единица рекоа дека се очекуваат околу 1.500 решенија.

По донесувањето на Законот за амнестија, првите амнестирани затвореници се очекува денеска да излезат од затворите.

Од Кривичниот суд претходно информираа дека се формирани повеќе кривични совети кои решаваат по барањата за амнестија. Од скопска единица рекоа дека се очекуваат околу 1.500 решенија.

Законот беше донесен на 15-ти јануари за целосно ослободување на 800 лица, додека намалување на казната за 30 проценти ќе опфати над три илјади осуденици.