ВМРО-ДПМНЕ: Мора да сопре политичкиот реваншизам
Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сѐ уште има политички затвореници. Политички затвореници се Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април- велат од опозициската партија...

Еден од основните постулати на Европската унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро- атланските интеграции сѐ додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија е единствена држава среде Европа во која во 21 век сѐ уште има политички затвореници. Политички затвореници се Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април.
Република Македонија мора под итно да се врати на вистинскиот пат на патот на демократијата, слободата и почитување на основните човекови права. Политичкиот реваншизам и малтретирање на луѓе кои размислуваат поинаку од СДСМ мора да запре, додаваат во партијата.
